Воен термин - категорија

А-бомба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Атомска бомба.
Англиски: A-bomb

авангарда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Трупи што се во првите борбени редови.
Англиски: avantgarde Француски: avantgarde Албански: avangardë

авијација повеќе

мн. авијации
Вид збор: Именка, женски род
Воздухопловство во армијата.
Англиски: air force Албански: forca ajrore
Примери:
Нападна непријателската авијација.

автокоманда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Команда која врши регистрација и распоред на воени возила.

автомат повеќе

мн. автомати
Вид збор: Именка, машки род
Автоматско рачно огнено оружје.
Англиски: automatic-gun Албански: armë automatike
Примери:
Двајца мажи во униформи со автомати на рамо и со пиштоли на појас нешто зборуваа.

ага повеќе

мн. аги
Вид збор: Именка, машки род
Назив на заповедник во турската платеничка војска.
Турски: ağa Албански: agë
Примери:
Нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите.

адмирал повеќе

мн. адмирали
Вид збор: Именка, машки род
Највисок чин во воената морнарица.
Англиски: admiral
Примери:
Адмиралот изврши смотра.

адмиралитет повеќе

мн. адмиралитети
Вид збор: Именка, машки род
Врховна команда на воената морнарица; зграда во која се наоѓа таа.
Англиски: admiralty
Примери:
Францускиот адмиралитет ни нареди да се истовариме.

аѓутант повеќе

мн. аѓутанти
Вид збор: Именка, машки род
Офицер на служба кај некој повисок старешина.
Англиски: adjutant Албански: Oficer
Примери:
аѓутантот на генералот

активира повеќе

активираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави да се активира експлозивно тело.
Англиски: activate Албански: aktivizoj
Примери:
Тој ја активира бомбата.

акција повеќе

мн. акции
Вид збор: Именка, женски род
воена операција
Англиски: action Албански: sulm
Примери:
Акциите на бунтовниците се зачестија.

амфибија повеќе

мн. амфибии
Вид збор: Именка, женски род
Моторно возило кое може да се движи и по земја и во вода.
Англиски: amphibian Албански: amfibia

армада повеќе

мн. армади
Вид збор: Именка, женски род
Голема воздушна или морска воена флота.
Англиски: armada
Примери:
Оружјата и армадите што се кревале против неа не можат да се добројат.

армија повеќе

мн. армии
Вид збор: Именка, женски род
Целокупна воена сила на една држава.
Англиски: army Албански: ushtri
Примери:
Армијата на Република Македонија
Воена единица составена од различни родови (корпуси, дивизии, бригади).
Англиски: army Албански: ushtri
Примери:
Првата и втората армија беа распоредени на позициите.

армиски повеќе

Види и: армија (ж.)
армискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на армија.
Примери:
армиска единица

арсенал повеќе

мн. арсенали
Вид збор: Именка, машки род
Место за изработка и за чување оружје.
Англиски: arsenal Албански: arsenal

артилерец повеќе

мн. артилерци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што служи во артилерија.
Англиски: gunner

артилерија повеќе

мн. артилерии
Вид збор: Именка, женски род
Род во војската вооружен со тешко огнострелно оружје, со топови и сл.
Англиски: artillery
Примери:
тешка артилерија

атака повеќе

мн. атаки
Вид збор: Именка, женски род
вооружен напад
Англиски: attack Албански: sulm
Примери:
Атаките врз селото не престануваа.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш